Запалиле осум контерјнери во центарот на градот

Во текот на изминатиот викенд беа опожарени осум садови за одлагање на комунален отпад поставени на јавните површини во Скопје, соопштија од Град Скопје.

Во соопштението стои дека непознати сторители запалиле три контејнери со зафатнина 3,2 метри кубни кои се наоѓаат на булеварот Крсте Мисирков во близина на Бит пазар, а покрај опожарените контејнери кај Бит пазар, целосно изгореа и четири контејнери, додека еден е изгорен и во Дебар Маало.

 

 

 

„Со ваквото несовесно постапување од страна на граѓаните се загрозува животната средина, но исто така се причинува и голема значителна финансиска штета на ЈП Комунална Хигиена. Апелираме на совесно одлагање на отпадот и искоренување на лошите навики за намерно опожарување на садовите за одлагање комунален отпад.

 

 

 

Опожарените контејнери се заменети со нови, се со цел зачувување на животната средина и одржување на јавната хигиена на високо ниво, известуваат од Град Скопје.

ТОП ВЕСТИ

Претреси во Битола, пронајдени пиштол, муниција, украдени предмети

На 08.06.2023 полициски службеници од Одделението за криминалистичка полиција при СВР Битола го лишиле од слобода К.Ј.(26) од Битола. При претрес во неговиот дом,...

Седници на ИО и ЦО на СДСМ за формата на продолжување на преговорите со ВМРО-ДПМНЕ

Централниот и Извршниот одбор на СДСМ денеска ќе одржат седници на кои тема ќе бидат начинот и формата со кои понатаму ќе продолжат преговорите...

Трамп во вторник е на суд во Мајами, објави дека по втор пат е обвинет годинава

Доналд Трамп синоќа објави дека е обвинет по втор пат оваа година – овој пат по федерални обвиненија во случај што се фокусира на...

Продолжува испумпувањето на водата по вчерашното невреме во Делчево

И утрово продолжи испумпувањето на вода од подрумите на луѓето, по поплавите од невремето кое вчера попладне го зафати Делечево. Доцна синоќа помош на...

Груби оствари средба со заменик американскиот амбасадор, Мејер

Скопје, 8 јуни – Првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, г-дин Артан Груби оствари средба со заменик американскиот...