Запленет луксузен „мерцедес“ на руски олигарх, отпорен на куршуми

Mar 31, 2022

[ad_1]

Италија запленила луксузна лимузина отпорна на куршуми и вредна 670.000 долари, која му припаѓа руски олигарх, објави италијанскиот весник „Кориере дела сера“.

Властите запленија црн „мерцедес-мајбах С650 гард вр10“ на рударскиот и телекомуникациски тајкун Алишер Усманов на Сардинија, се наведува во извештајот.

Италијанската даночна полиција во вторникот за „Тајмс“ потврди дека автомобилот бил меѓу имотот на Усманов на островот, а кој бил запленет.

Локален италијански весник исто така во вторникот објави дека властите го заплениле неговиот имотен комплекс вреден 17 милиони евра или околу 19 милиони долари, и шест негови корпоративни возила. Неговиот конфискуван имот на Сардинија изнесува вкупно 66 милиони евра или околу 73 милиони долари.

Властите во Сардинија и претставниците на Усманов не одговорија веднаш на барањата за коментар за извештаите за заплената.

„Мајбах“ тежок пет тони вреди околу 600.000 евра или околу 670.000 долари и е опремен со оклоп и прозорци дебели 10 сантиметри дизајнирани да издржат експлозии и напади со митралез, објави „Кориере дела сера“. „Мерцедес“ соопшти дека може да издржи две гранати да експлодираат во исто време.

Усманов беше санкциониран од Европската Унија на 28 февруари. Во извештајот на Советот на ЕУ се наведува дека тој има особено блиски врски со рускиот претседател Владимир Путин и дека важи за еден од неговите омилени олигарси.

Портпаролот на милијардерот, кој исто така беше цел на санкциите на Велика Британија и САД, изјави за „Гардијан“ минатата недела дека тој префрлил дел од својот имот, вклучително и две вили во Велика Британија, на неотповикливи средства и дека повеќе не ги поседува.

Усманов е петтиот најбогат човек во Русија, со проценета нето-вредност од 18,7 милијарди долари, според индексот на милијардери на „Блумберг“.

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ