PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 1180x200

Започнува нов твининг проект за јакнење на Националната рамка за квалификации како инструмент за поголема вработливост и социјална интеграција на граѓаните

Mar 10, 2022

Националната рамка за квалификации е инструмент за постојано и делотворно адаптирање на образовниот и системот на квалификации, кој како таков, ќе обезбедува квалификации што ќе бидат во функција на потребите на пазарот на труд, односно ќе овозможува полесна вработливост на лицата и континуиран личен развој, а со тоа и развој на општеството во целина.

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 300x250

Ова денес го истакна министерот за образование и наука Јетон Шаќири на конференција на која беше најавено отпочнувањето на нов твининг проект „Понатамошна поддршка за имплементирање на НРК“, со кој дополнително ќе се операционализира и зајакне Националната рамка за квалификации која има улога да биде алатка, како за комуникација, така и за отпочнување на реформи во образованието преку поставување на национален стандард со кој се уредува стекнувањето и користењето на квалификациите во Република Северна Македонија.

“Нашата национална рамка за квалификации која ја поставивме исто така со твининг проект од ИПА 1, има добра основа за понатамошен развој. Таа во суштина е усогласена со европската рамка уште пред неколку години. Процесот го започнавме во 2014 година, а во февруари 2016 година Македонската рамка стана видлива за сите“, рече министерот Шаќири, напоменувајќи дека од тогаш до сега постојано рамката се надградува.

Видливоста и транспарентноста, посочи министерот, се составен дел од процесот на обезбедување квалитет. Затоа нашите квалификации се објавуваат во Регистарот на квалификации. Внесени се сите усвоени стандарди на квалификации, а наскоро ќе започне и внесот на досега усвоените стандарди на занимања.

“Ни претстојат уште многу задачи во нашето активно учество во работата на Советодавната група за Европската рамка на квалификации, пред сè исполнување на бројните обврски од Патоказот за понатамошното спроведување на Националната рамка на квалификации, изготвување и испорачување на споредбените табели за квалификациите, до изготвување и презентирање на Извештајот за валидацијата на неформалното и информалното учење, како и усогласување со Стандардите и упатства за обезбедување на квалитет во високото образование“, додаде Шаќири.

Шаќири се заблагодари на Европска унија, која го финансира имплементирањето на проектот и на партнерските земји во рамки на истиот – Литванија, Франција и Словенија, кои како што рече, со нивните искуства ќе ја поддржат нашата земја во иднина да имаме уште поефективна Национална рамка на квалификации.

На крајот од своето обраќање министерот истакна дека само со заедничка работа и конструктивни дискусии може да се придонесе за понатамошен развој на квалификацискиот систем во нашата земја, а со започнатите реформи во образованието ја потврдуваме неговата одржливост.

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 940x400

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ