Започнува процесот за креирање на нова Национална стратегија на лицата со попреченост

Денеска се одржа иницијалниот состанок за развивање на новата „Национална стратегија за лицата со попреченост на Република Северна Македонија“, со кој претседаваше Спасе Додевски, надворешен советник за унапредување на образованието, здравствената и социјалната заштита, институционалниот систем на лицата со попреченост и претседавач со Националното координативно тело за имплементација на Конвенцијата за правата на лицата со попреченост.

На состанокот, на кој присуствуваа претставници на Министерството за труд и социјална политика, германската асоцијација за меѓународна соработка (ГИЗ), претставници на агенциите на Обединетите нации во земјава, беше истакнато дека со овој работен состанок, започнува процесот на креирање на концептот нова „Национална стратегија за лицата со попреченост“ за наредните седум години.

Носител на оваа активност е Министерството за труд и социјална политика, додека Националното координативно ќе биде задолжено за координација и фасилитирање на целиот процес, а ГИЗ и агенциите на ОН ќе бидат техничка и финансиска поддршка на целиот процес.

Новата национална стратегија ќе се изработува низ широк дијалог со претставниците на граѓанските организации на лицата со попреченост и самите лица со попреченост со што ќе се почитува принципот „Ништо за нас без нас“.

Од страна на присутните беше потенцирана заложбата заеднички да се обезбеди мултисекторски, мултидисциплинарен и холистички пристап при што лицата со попреченост и нивните потреби ќе бидат во центарот на вниманието.

Душан Томшиќ, советник во МТСП, истакна дека по прашање на правата на лицата со попреченост отпочнат е процес на големи промени во нашата држава и дека со новата стратегија се очекува да одиме чекор понапред – од видови и категории на попреченост при остварување на правата да се помине кон функционална проценка и индивидуализација на поддршката. Сето ова, како што тој подвлече, ќе влијае врз форматот и содржината и на легислативата која ги опфаќа лицата со попреченост и сите понатамошни документи што се однесуваат на оваа популација.

На состанокот заеднички беше оценето дека во наредниот период ќе отпочне широка дебата во која ќе се слеваат сознанијата и експертизата на голем број странски и домашни организации, а во која клучна улога ќе имаат лицата со попреченост, со цел да се добие квалитетен документ од кој најголемиот бенефит ќе го има оваа популација.

ТОП ВЕСТИ

Османи: Не е чесно кон Али Ахмети ова што му го прават „огнените“

Министерот за надворешни работи Бујар Османи вечерва гостува во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 каде разговараме на теми поврзани со уставните измени, тензиите...

Меси бара гаранции пред да потпише нов договор

Дерби викенд: Ел Класико, дерби на Италија и битка за Рим!↓↓↓https://www.youtube.com/watch?v=kYZHtJOH0ugЛионел Меси се уште не одлучил каде ќе игра следната сезона, но...

Груби во Топ Тема: Ние работиме цело ВМРО – ДПМНЕ да гласа за уставните измени

„Не сум оптимист туку сум убеден планот е амбициозен и има скетпици и разни математики но, знаете дека до сега се што сме кажале...

Груби: Вчерашниот настан е потврда дека огранокот на ДУИ во Чаир е позади Али Ахмети

Вчерашниот настан е потврда дека огранокот на ДУИ е позади Али Ахмети, не е позади Артан Груби, ниту позади Изет Меџити, рече Артан Груби...

Груби: Автопатот Тетово-Гостивар ќе биде целосно нов

Првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби говорејќи за изградбата на Коридорот 8  рече дека на...