[ad_1]
Aмериканскиот репрезентативец Сержињо Дест ја напушти Барселона во самиот финиш од преодниот рок и се пресели во Милан.
Дест одлучи да ја напушти Барселона oткако му стана јасно дека оваа сезона нема да се наигра во каталонскиот гигант.
Барселона во самиот финиш од преодниот рок успеа да пронајде решение затоа што Милан покажа интерес да го доведе во своите редови. Овој 21-годишник вчера против Наполи го имаше дебито во дресот на „росонерите“ и нема да го памети по добро.
„Росонерите“ беа поразени со 2:1 и токму Дест беше еден од најголемите виновници за поразот. Американецот по натпреварот беше прогласен за најлош поединец на натпреварот иако во игра влезе дури во второто полувреме.
Дест по влегувањет ово игра направи пенал кој во гол го претвори Политано за 1:0, очаен беше и во продолжение од натпреварот. Статистиката покажува дека имал дури 75% изгубени дуели и 0 успешни дриблинзи од два обиди.