PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 1180x200

Затвор и отштета за пожарот во ноќен клуб во Букурешт

Jun 28, 2022

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 300x250

Апелациски суд во Букурешт. Фото:веб страна на Судот

Апелациониот суд во Букурешт, во четвртокот пресуди дека семејствата на жртвите од ноќниот клуб „Колектив“ во Букурешт од 2015 година имаат право на вкупна отштета од околу 36 милиони евра. Образложението за правосилната пресуда беше објавено во петокот.

Судењето почна во септември 2017 година, речиси две години по пожарот на 30 октомври 2015 година, во кој загинаа 65 лица, а 146 беа тешко повредени. Висината на отштетата што треба да им се додели на семејствата на жртвите се движи од 1.000 романски леи (околу 200 евра) до еден милион евра.

Обесштетувањето ќе треба да го платат и сопствениците на клубот.

Апелациониот суд ги осуди и началникот на петтиот округ во Букурешт, Кристијано Попеску Пиедоне, и началникот на четвртиот округ во моментот на пожарот, на четири години затвор. Сопствениците на ноќниот клуб и компанијата за огномет се осудени на шест, односно на 11 години затвор.

Случајот “Колектив” имаше политички импликации на највисоко ниво. Тогашниот премиер, социјалдемократот Виктор Понта, поднесе оставка на 5 ноември 2015 година, само неколку дена по пожарот, по масовните улични демонстрации против корупцијата поттикнати од трагедијата.

Madalin Necsutu

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 940x400

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ