Затворањето на Инфективна предизвика наплив од пациенти во ГОБ „8 септември“

Откако скопската Инфективна клиника стави клуч на врата на две недели, а лекарите и медицинскиот персонал ги испрати на одмор, целиот товар падна на грб на Градската болница „ 8 септември“, каде се препраќаат и ковид пациените, како и пациентите со друга инфективна патологија.

Пред само неколку денови беше донесена одлука Клиниката за инфективни болести во период од две недели да направи дезинфекција на целата болница после двегодишната ковид пандемија. Сепак, тоа што е чудно во целата приказна е дека досега не се случило ниту во Македонија, ниту пак некаде во светот клиника со терцијарна дејност да биде ставена под клуч.

Без разлика дали целта на затворањето на клиниката е да се кречи и дезинфицира, во случај од септември да не дојде до нов бран на заразени ковид пациенти, сепак тоа предизвика дополнителен хаос во старата Воена болница, која за време на цела пандемија работи само со еден инфектолог, а на испомош се сите интернисти.

„Во моментот е отворена уште една инфективна амбуланта. Без разлика што бројот на заразени од опасниот вирус е намален периодов, сепак имаме доста пациенти со друга инфективна патологија. На дневно ниво имаме околу 60 пациенти, а за викендот имаше 30. Не можеме да постигнеме со работа“, велат во изјава за „Фокус“, од болницата.

Според нашите информации, сите овие пациенти од цела држава во моментот се слеваат во ГОБ „ 8 септември“. Иако вчера, директорката на скопската Инфективна клиника, доктор Милена Стевановиќ во изјава за “Фокус“ истакна дека ако има болницата потреба од лекари и медицински персонал ќе одат во испомош, сепак тоа досега не се случило.

„Лекарите и медицинскиот персонал до 3 мај ќе бидат на одмор, да одморат и психички по се што преживеавме за овие две години. Мораме да бидеме спремни за спетмеври. Не знаеме што може да се случи. Дај боже да остане како сега“, тврдеше вчера директорката Стевановиќ.

Сепак, никој не дава одговор на прашањето – како може клиника со терцијарна дејност да биде целосно затворена?

Тоа што беше уште поконтроверзно за време на пандемијата, е тоа што Инфективната клиника не ставаше пациенти на респиратор сметајќи дека на тој начин не можат да им помогнат да се спасат, иако апаратите за дишење претставуваат последна шанса за спас.

За разлика од кај нив, во старата Воена болница околу 300 пациенти со сатурација под 60 биле тргнати од респиратор.

Корона кризата во моментот спласнува и се повеќе се намалува бројот на заразени и починати пациенти.

досега во земјата се направени вкупно 1.997.169 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 308.620, бројот на оздравени пациенти е 298.532, на починати е 9.262, а бројот на активни случаи изнесува 826.

ТОП ВЕСТИ

МНР на Косово ги повика граѓаните да избегнуваат преминување низ Србија

Косовското Министерство за надворешни работи и дијаспора апелираше до граѓаните на Косово да избегнуваат преминување преку Србија, поради ситуацијата на север во државата. „Поради ситуацијата...

Ахмети го посети семејството на Хашим Тачи: Гордо ќе го пречекаме како победник

Лидерот на ДУИ Али Ахмети го посети семејството на поранешниот косовски претседател Хашим Тачи, кој е обвинет од хашкиот трибунал за воени злосторства за...

Ѓоковиќ водеше „жестока војна“ со Давидович Фокина, но обезбеди осминафинале во Париз

Новак Ѓоковиќ успеа да обезбеди осминафинале на Ролан Гарос и тоа откако ја оправда фаворитската улога во дуелот со Алехандро Давидович Фокина. Голема битка се...

Три лица загинаа во сообраќајка кај Кадрифаково, меѓу нив и 15-годишно девојче

Три женски лица го загубија животот, а уште четири се повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случи денеска на автопатот Штип - Миладиновци...

Путин поттикнува немири на Балканот како нов фронт во неговата војна против Западот

ДРАГАН МИШЕВ Путин подготвува нов фронт во неговата војна против Западот. За таа цел се чини дека нема подобра опција од тоа да поттикнува...