Заврши првата меѓународна конференција “Жените во надворешната политика”

Успешно заврши дводневната конференција за промоција на родовата еднаквост “Жените во надворешна политика”, што за прв пат ја организираше Министерството за надворешни работи, на иницијатива на заменик Министерката за надворешни работи, Фатмире Исаки, а под покровителство на Првата дама, Елизабета Ѓоргиевска.

На првиот ден од меѓународната конференција фокусот на панелите беше ставен на учеството на жените во надворешната политика и потребата од зголемување на нивното учество во процесите на донесување одлуки, а воедно беа разгледани и можностите за унапредување на нивната улога во општеството како активни и конструктивни политички чинители. Денешниот ден беше посветен главно на потребата од поголема вклученост на жените во бизнис секторот, како и економското и влијанието на Ковид-19 врз жените.

Воедно, во рамки на конференцијата се усвои Заедничка декларација, со која се креира мрежа на жени дипломати од регионот на Западен Балкан.

На конференцијата учество земаа високо рангирани политичари и дипломати од регионот и жени-амбасадорки, учесници од други европски и вон-европски земји, учесници од меѓународни и регионални организации, почесни конзули, реномирани фигури од академијата, бизнисот, цивилното општество и младинските организации.

Предвидено е конференција од ваков карактер да се одржува на годишно ниво, а воедно во текот на годината да бидат организирани и други, помали настани, како што се тематски работилници, семинари, тркалезни маси, и сл. на кои ќе се дискутираат прашањата за зајакнување на улогата на жената во сите аспекти од општествениот живот.

ТОП ВЕСТИ

Пентагон го демантира „Волстрит журнал“, Кинезите не граделе шпионска станица во Куба

Пентагон не е запознаен со кинеско-кубанскиот план за формирање кинеска шпионска станица за електронско прислушување на територијата на Куба. Портпаролот на Министерството за одбрана, Пет...

Ким Кардашијан има ново момче: Мистериозниот маж го носела во ресторан во кој одела со бившиот

Ријалити ѕвездата Ким Кардашијан откри дека се гледа со мистериозен маж, а за да го скрие неговиот идентитет, му го дала прекарот „Фред“. Најпознатата старлета...

(Видео) Невреме во Белград: од силните громови испукале стаклата на автомобилите

Силно невреме го зафати синоќа Белград и направи хаос. Според снимките кои беа објавени на социјалните мрежи, грмотевиците биле многу силни и имало во...

Претреси во Битола, пронајдени пиштол, муниција, украдени предмети

На 08.06.2023 полициски службеници од Одделението за криминалистичка полиција при СВР Битола го лишиле од слобода К.Ј.(26) од Битола. При претрес во неговиот дом,...

Седници на ИО и ЦО на СДСМ за формата на продолжување на преговорите со ВМРО-ДПМНЕ

Централниот и Извршниот одбор на СДСМ денеска ќе одржат седници на кои тема ќе бидат начинот и формата со кои понатаму ќе продолжат преговорите...