Зеленски: Го скршивме ‘рбетот на руската армија


Фото : Зеленски (инстаграм)

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека неговата војска нанела сериозна штета на руските вооружени сили и покрај падот на клучниот пристанишен град Мариупол.

Украина го „скрши ‘рбетот“ на руската армија, рече Зеленски во телевизиско интервју. – Нема да може да застане на нозе во следните неколку години-рече тој.

Неговата изјава дојде откако последните 2.400 украински борци од Мариупол се предадоа.

Киев ќе го врати сето тоа назад, рече тој, додавајќи дека Украина ќе се врати на линиите на фронтот од пред 24 февруари, кога Русија изврши инвазија.

– Тоа ќе значи дека не нè покорија и дека ние ја браневме нашата земја-рече Зеленски, но нагласи дека тоа ќе биде многу тешко и дека ќе следи дипломатија.

ТОП ВЕСТИ

Петровска – Грам: Враќање на политичкиот дијалог меѓу Белград и Приштина за да се спречи натамошна ескалација

„Инцидентот и тоа што се случува таму нема директно влијание и од информациите со кои досега располагаме и кои ги разменуваме не влијае на...

(Видео) Сондата со примерок од опасниот астероид стигна на Земјата

Сондата со примерок од астероидот Бену слета на Земјата во неделата. Научниците на НАСА се надеваат дека материјалот може подобро да објасни како настанал...

Во Дебар отворен фестивалот “Албански театар во Македонија”

Со претставата „Лет над албанскиот театар” во режија на Ерсон Зимберај, а во изведба на албанскиот театар од Куманово, синоќа  во Центарот за култура...

Два автомобили и камион се судрија на булевар Србија

Утрово на булевар Србија во правец од Драчево до Аеродром, се случила сообраќајна несреќа во која учествувале два патнички автомобили и еден камион. Патнички автомобил...

Ковачевски: Во однос на безбедносната состојба во државата, граѓаните може да се спокојни

Настаните кои се случија денес силно ги осудувам, и изразувам целосна поддршка на КФОР за сите идни активности кои се во насока на гарантирање...