PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 1180x200

Зеленски: Ни треба тешко оружје за да ја прекинеме опсадата на Мариупол

Apr 12, 2022

[ad_1]

Фото: Веб-страница на украинскиот претседател
PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 300x250

Во своето последно видео обраќање, украинскиот претседател Владимир Зеленски рече дека украинските сили би можеле да ја прекинат опсадата на Мариупол доколку им дадат тешко оружје.

– Што се однесува до оружјето потребно за одбрана, ние се уште зависиме од нашите партнери. За жал, не добиваме доволно оружје што ни е потребно за што поскоро да ја завршиме оваа војна, целосно да го уништиме непријателот на наша територија и да ги исполниме сите оние задачи што се очигледни за нашиот народ за деблокирање на Мариупол – рече Зеленски.

Тој рече дека тоа би можеле да го направат доколку имаат млазни авиони и доволно тешки оклопни возила, потребната артилерија.

– Треба уште да ги убедиме нашите партнери. Сигурен сум дека ќе добиеме речиси се што ни треба. Но, времето не е единственото нешто што го губиме, ги губиме животите на Украинците, животи кои повеќе не можат да се вратат – рече украинскиот претседател.


Зеленски: предупреди дека Русија може да употреби хемиско оружје

Украинскиот претседател Владимир Зеленски ноќеска изјави дека Русија може да употреби хемиско оружје во Украина и го повика Западот да воведе силни санкции за Москва да не се осмели да зборува за употреба на таквото оружје.

Во текот на вчерашниот ден беа објавени непроверени извештаи кои сугерираат дека Русија користела хемиско оружје во Мариупол, пристанишниот град на југот на земјата.

– ие го сфаќаме ова многу сериозн – рече Зеленски во видео обраќањето.

Украинскиот претседател, сепак, не кажа дека такво оружје веќе било употребено.

– Би сакал да ги потсетам светските лидери дека веќе е разговарано за можната употреба на хемиско оружје од страна на руската војска. Дури и тогаш тоа значеше дека е потребно поостро и побрза реакција на руската агресија – додаде тој.

Помошникот градоначалник на Мариупол Петро Андрјушенко во своите извештаи преку Телеграм напиша дека хемиските напади не се потврдени и оти очекува подоцна да може да објави детали и објаснувања.

Портпаролот на Пентагон Питер Кирби рече дека САД се запознаени со извештаите.

-Во моментов не можеме ништо да потврдиме, но ќе продолжиме повнимателно да ја следиме ситуацијата, рече тој.

– Овие извештаи, доколку се вистинити, се длабоко вознемирувачки и укажуваат на стравувањата што ги изразивме за можноста Русија да користи воени средства – рече тој.

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 940x400

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ