PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 1180x200

Зеленски: Русија за 19 дена загуби повеќе отколку во двете војни во Чеченија

Mar 15, 2022

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски во синоќешното обраќање до граѓаните истакна дека  бранителите продолжуваат да „нанесуваат катастрофални загуби на руските сили“.

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 300x250

Тој додаде дека бројот на соборени хеликоптери во Русија наскоро ќе достигне стотици.

– Тие веќе изгубија 80 борбени авиони, стотици тенкови и илјадници друга опрема. За 19 дена, руската армија во Украина загуби повеќе отколку во двете крвави и долготрајни војни во Чеченија, истакна Зеленски.

Тој додаде дека противникот бил збунет бидејќи не очекувал таков отпор од украинските бранители, додека на руските војници им порача да загинат или да се предадат.

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 940x400

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ