Потои загриженост дека белоруски падобранци би можеле да бидат распоредени да се борат против украина,објави Скај Њуз.
Руските трупи и украинските сили во текот на ноќта водеа тешки борби. Според проценки на американското министерство за одбрана, напредувањето на русите наидува на жесток отпор. „украинците пружаат жилав отпор“, изјави неименуван висок претставник на Министерството за одбрана на брифинг со новинарите.
„Тоа е херојски, инспиративно и за светот многу важно да го види“, вели тој, и додава дека се забележуваат проблеми на руските трупи со „гориво и логистика“. Во разговор со британскиот премиер Борис Џонсон, претседателот на Украина, Володимир Зеленски, како што се вели, рекол дека наредните 24 часа ќе бидат одлучувачки за неговата земја. Украинската агенција УНИАН јави дека од крим наводно тргнале бомбардери и авиони ловци во насока на Украина, а нивна цел требало да бидат градовите Миколаив и Херсон на југ, како и Харков на исток. Ваквата информација не може да се потврди од независен извор. Украинскиот главен град Киев, според зборовите на неговиот градоначалник Витали Кличко, е на раб на хуманитарна катастрофа.
„Сега сè уште имаме струја, вода и греење во нашите куќи“, рече тој но, инфраструктурата за испорака на храна и лекови е уништена.
Додека руските трупи ги продолжуваат своите напади врз Украина, Москва и Киев утринава треба да почнат мировни преговори. Украинскиот претседател Володимир Зеленски, меѓутоа, стави јасно до знаење дека нема многу надеж околу исходот од преговорите.