Зеленски: Тие сакаат буквално да завршат и да го уништат Донбас


Фото: Веб-страница на украинскиот претседател

Украинскиот претседател Владимир Зеленски предупреди за претстојна офанзива на руските сили во источниот дел на Украина, за време на своето видео обраќање, јави „Си-ен-ен“. Според Зеленски, руските војници подготвуваат офанзива операција во источниот дел на Украина. Тој тврди дека „ќе почне во блиска иднина“.

– Тие сакаат буквално да завршат и да го уништат Донбас. Да се уништи сè, по што некогаш беше познат, овој индустриски регион. Баш како што руските војници го уништуваат Мариупол, тие сакаат да избришат други градови и заедници во регионите Донецк и Луганск – смета украинскиот претседател.

Зеленски додаде дека во Харков, руското гранатирање уби петмина жители и остави 15 лица ранети во текот на вчерашниот ден. Во изминатите четири дена, вкупно 18 лица биле убиени, а 106 ранети од руското гранатирање на Харков.

– Ова не е ништо друго, туку намерен терор. Минофрлачи, артилерија против обични станбени населби, против обични цивили – подвлече Зеленски.

Руските сили ги обвини и за хуманитарни прекршувања во регионите Херсон и Запорожје, во јужна Украина.

– Таму се изградени соби за мачење. Тие киднапираат претставници на локалните власти и сите што се сметаат за видливи за локалните заедници. Тие уценуваат наставници. Тие крадат пари, наменети за исплата на пензии. Хуманитарна помош блокирана и украдена. Тие вршат изгладнување – нагласи украинскиот претседател.

„Си-ен-ен“ пишува дека, засега, медиумот немал можност да ги потврди овие тврдења на Зеленски.

– Секојдневно расте потребата од ембарго за испорака на нафта од Русија. Сите во Европа и во Америка веќе гледаат како Русија отворено ја користи енергијата, за да ги дестабилизира западните општества. Облогот на Русија, за хаос на пазарите на гориво, не треба да успее – смета Зеленски.

ТОП ВЕСТИ

Претседателот на ДУИ го назначи Рафис Алити за кординатор на огранокот на ДУИ во Сарај

Претседателот на Демократската унија за интеграција, во рамките на неговите законски овластувања, го назначи Рафис Али за координатор на огранокот на ДУИ во Сарај,...

Неверојатна сличност: Помладата ќерка на Адријана Лима и Марко Јариќ е копија на нејзиниот татко (ФОТО)

Адријана Лима и Марко Јариќ во седумгодишниот брак добија две ќерки Валентина (13) и Сијена (10). И иако манекенката и поранешната кошаркар се...

Детали од МВР за големата акција: Уапсени двајца арачиновци, спречен транспорт на дрога во вредност од 100.000 евра

Денеска од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога и опасни материи - Единица за...

Маж влетал со автомобил меѓу пешаци на аеродромот во Келн, има повредени

Педесет и седумгодишен маж со автомобил влетал во пешаци во паркинг гаража на германски аеродром при што повредил неколку лица, соопшти полицијата, пренесува Дојче...

Полициска акција на наплатната рампа кај Тетово, запленета голема количина дрога, уапсени дилери

На наплатната рампа пред Тетово, на автопатот Гостовар-Тетово утрово околу 7 часот, полицијата заплени големо количество дрога и уапси двајца оосмничени дилери, информираа за...