Земјите на Квинта бараат протестите на Србите во Косово да бидат мирни


Претставниците на земјите на Квинта изразија загриженост дека, како што наведоа, може да има ризик од ескалација на насилството на протестите што денеска ги најавија Србите во северно Косово.

Шефовите на мисиите на Франција, Германија, Италија, Велика Британија, САД и Европската унија во заедничка изјава повикаа на мирни протести, пренесува РТК.

– Граѓаните имаат право на мирно собирање, како и одговорност да ги одржуваат таквите собири мирни и ненасилни. Нашите заеднички демократски вредности го вклучуваат правото на мирно собирање и да се слушне нашиот глас, право кое полицијата има одговорност да го заштити. Спроведувањето на законите има обврска да го одржува јавниот ред и треба да се направи без да се нарушат демократските принципи на слободата на говор и собирање – се вели во соопштението на земјите на Квинта, објавено на Фејсбук страницата на американската амбасада во Косово.

Квинта и ЕУ повторно ги повикаа Косово и Србија да дејствуваат воздржано и да се воздржат од каква било реторика или акција што може да ги зголеми тензиите.

За денеска се закажани протести во Северна Митровица и Грачаница, по одлуката на косовската влада да не се одржат српски избори на Косово.

ТОП ВЕСТИ

Роналдо по новиот рекорд: Одлично е што уште играм и постигнувам голови

Македонија - Малта: Ни треба победа и тоа не каква било, туку газење треба!↓↓↓https://www.youtube.com/watch?v=i4EBkAwsqrIКристијано Роналдо постави два рекорди за време на дуелот...

Претседателот на ДУИ го назначи Рафис Алити за кординатор на огранокот на ДУИ во Сарај

Претседателот на Демократската унија за интеграција, во рамките на неговите законски овластувања, го назначи Рафис Али за координатор на огранокот на ДУИ во Сарај,...

Неверојатна сличност: Помладата ќерка на Адријана Лима и Марко Јариќ е копија на нејзиниот татко (ФОТО)

Адријана Лима и Марко Јариќ во седумгодишниот брак добија две ќерки Валентина (13) и Сијена (10). И иако манекенката и поранешната кошаркар се...

Детали од МВР за големата акција: Уапсени двајца арачиновци, спречен транспорт на дрога во вредност од 100.000 евра

Денеска од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога и опасни материи - Единица за...

Маж влетал со автомобил меѓу пешаци на аеродромот во Келн, има повредени

Педесет и седумгодишен маж со автомобил влетал во пешаци во паркинг гаража на германски аеродром при што повредил неколку лица, соопшти полицијата, пренесува Дојче...