PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 1180x200

Земјоделски проект од 30 милиони евра во Полог

Sep 1, 2022

Државниот секретар на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Реџаил Исмаили денеска заедно со директорот на Управата за води на ова министерство Исни Јакупи, други членови од Министерството за земјоделство и претставници на компанијата кои ги извршуваат работите во оваа дејност одржаа работна средба со градоначалникот на општина Боговина, Бесник Емшиу, во кабинетот на градоначалникот во Боговина.

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 300x250

На работниот состанок стана збор за забрзување на проектот „Ходросистем Равен-Речица“ кој во моментов се реализира на терен и ќе се користи за наводнување на земјоделските површини во Полошкото поле.

Првата фаза е  со вредност од 15,5 милиони евра, а  заедно со втората фаза, целиот проект ќе изнесува 30 милиони евра, средства кои се обезбедени од буџетот на Министерството за земјоделство.

Хидросистемот, кој моментално е во изградба, се состои од подземни челични цевки кои се поставени на 2 m длабочина во земјата, со должина на главната цевка од 26 km (прва фаза), а потоа ќе следи втората фаза.

Проектот ќе се користи за наводнување на земјоделско земјиште на површина од над 3000 хектари во Полошкиот регион.

На средбата беа детектирани  техничките проблеми и беа дадени конкретни предлози за нивно надминување и забрзување, со цел нивна поскора реализација.

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 940x400

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ