PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 1180x200

Жена од Албаија која била мажена во Вруток е пронајдена мртва

Apr 27, 2022

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар извршил увид на лице место во семејна куќа во селото Вруток, каде вчера беше пронајдено безживотно тело на една жена со повеќе убодни рани од нож.

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 300x250

„Станува збор за жена по потекло од Република Албанија, родена 1967 година, која била мажена и живеела во Вруток. Според првичните сознанија, смртта на жената настапила околу 24-48 часа пред нејзиното пронаоѓање.

Јавниот обвинител издаде повеќе наредби за прибирање и вештачење на трагите пронајдени на лице место, како и за обдукција на починатата. Првичните траги упатуваат дека смртта е насилна и се трага по сторителот“, се вели во соопштението од Јавното обвинителство.

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 940x400

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ