PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 1180x200

Зибери: Нормализирајте ја состојбата со струјата во Арачиново!

Aug 24, 2022

Народниот  правобранител, г-дин Насер Зибери во врска со состојбата во која се најдоа жителите на општина Арачиново (кои веќе неколку дена се без струја) поради, како што информираат од ЕВН Македонија, дефект на трафостаница, апелира до претпријатието и до надлежните институции, пред се до Министерството за внатрешни работи, веднаш да ги преземе сите мерки и да ги обезбеди предусловите за санирање на дефектот, со што би се нормализирала состојбата со снабдувањето со електрична енергија во општината.

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 300x250

Кaко што информира Народниот правобранител, до неговиот кабинет е поднесена претставка од група граѓани, жители на општина Арачиново, кои потенцираат дека иако редовно си ги плаќаат сметките за потрошената енергија, во оваа ситуација, во услови на економска криза трпат големи материјални штети (расипана е храната складирана во фрижидерите), но и не се во состојба да одржуваат лична хигиена, а со одложување на санирањето на дефектот се и дискриминирани.

Народниот правобранител, Зибери во оваа прилика ги повикува локалните власти, но и жителите на Општината на заедничка соработка, со цел што побрзо нормализирање на состојбата, се вели во соопштението.

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 940x400

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ