Зошто авионот на Лавров го прекина летот кон Пекинг и на половина пат се врати во Москва ?

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров замина во претходно закажана посета на Кина и во тоа нема ништо необично. Кина и Русија имаат блиски односи и покрај актуелната војна во Украина, но необично е што авионот во кој беше рускиот министер за надворешни работи никогаш не пристигна во Пекинг.

Лавров синоќа заедно со бројна руската делегација замина во Пекинг каде се очекуваше да се сретне со кинеските претставници. Меѓутоа, како што пишува германски Билд, авионот на познатиот „Мистер Њет“ не слетал во Пекинг.

Некаде на половина пат, поточно над Сибир, авионот со руската делегација се сврте и се врати во Москва. Набрзо слета на московскиот аеродром Шереметјево, а единственото прашање кое се наметна беше – зошто Лавров ја откажа посетата на Пекинг?

Споменатиот авион пред промената на курсот поминал околу 2.800 километри, а за вчерашните случувања никој засега не поседува точни информации.

Некои од опциите кои се споменуваат се дека Кина можеби одбила да го прими шефот на руската дипломатија, па дури и и дека директивата за враќање на Лавров била дадена лично од Владимир Путин.

Москва, наводно, побарала од Кина воена и економска помош во претходните денови, но официјални лица од двете земји одбија да ги потврдат овие наводи.

Во исто време, еден од кинеските официјални лица денеска првпат јасно зборуваше за војната во Украина и посочи дека Кина нема да и се приклучи на Русија во украинската војна .

„Кина никогаш нема да ја нападне Украина“, изјавил кинескиот амбасадор во Украина, додека останува неизвесно што се случило со авионот на Сергеј Лавров синоќа.

ТОП ВЕСТИ

ФОТО: Сопругата на Канје Вест се појави во црква во морбидно издание

255 Раперот Канје Вест се ожени со Бјанка Сенсори пред неколку месеци, а парот привлекува големо внимание на јавни места. Така, тие се појавија во...

Анастасија Ражнатовиќ насмеана покрај Немања Гудељ по загубата на бебето

Анастасија Ражнатовиќ и Немања Гудељ се поддржуваат еден со друг и во најтешките и во најубавите денови. Српскиот пар прослави за победата на тимот...

Битиќи со германските компании: Нудиме поволно деловно опкружување, стратешки предности и силна владина поддршка

Заменикот на претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи оствари средба со делегацијата...

Шакира има НОВА ЉУБОВ? Пејачката видена на јахта со познат спортист (ФОТО)

170 Колумбиската пејачка Шакира повторно го привлече вниманието поради приватниот живот, но сега причината не е нејзиниот поранешен партнер, туку некој за кој се...

Груби присуствуваше на редовниот состанок на сите амбасадори на земјите членки на Европската Унија

Денеска се одржа редовниот состанок на сите амбасадори на земјите членки на Европската Унија во Скопје. Првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем...