Македонскиот репрезентативец, Ненад Димитријевиќ се прикажа во одлично светло во дерби пресметката со Зенит во ВТБ лигата.
Плејмејкерот беше најдобар поединец во редовите на Уникс Казањ со 24 поени, 5 скокови, 9 асистенции и 1 украдена топка, меѓутоа и покрај овој учинок победата заврши кај домаќините со 91:87.Кошаркарите на Зенит беа подобри во првата и последната четвртина со по три поени, додека пак Уникс своите периоди ги доби со по еден разлика.
Ертел со 23 кошеви, 3 скока и 4 асистенции беше прво име кај победникот.Уникс во последното коло од оваа фаза ќе се соочи со ЦСКА Москва.