PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 1180x200

Koстески успешно опериран, го чека долг период на рехабилитација

Apr 4, 2024

Македонскиот репрезентативец Ненад Костески беше успешно опериран во текот на вчерашниот ден во Скопје.

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 300x250

Членот на шампионот Еурофарм Пелистер од денеска го започнува долгиот процес на рехабилитација и се очекува да се врати на терените за најмалку шест месеци.

Десното крило се повреди на натпреварот со Колстад од Лигата на шампионите во Норвешка уште по две минути.По деталните извршени прегледи беше потврдено дека се работи за скинат преден вкрстен лигамент на десното колено.

Тој освен што ќе ги пропушти решавачките натпревари на Еурофарм Пелистер во битката за одбрана на титулата, нема да биде дел ниту од македонската репрезентација во бараж двомечот против Фарски Острови.

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 940x400

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ